Connect with us

Фудбал

Го прашаа Гвардиола за одговор, а тој рече: Се јавив на Реал Мадрид…

Пеп Гвардиола со Манчестер Сити по четврти пат во последните пет години успеа да ја освои титулата во Англија. Во неверојатниот меч од последното коло на Премиершип, “Граѓаните“ губеа со 2-0 по 75 минути игра, но потоа за само пет минути игра направија спектакуларен пресврт и успеаја да победат со 3-2 и да обезбедат нова титула.

Интересно беше и на прес-конференцијата, каде во центарот на вниманието очекувано беше Гвардиола, кој беше исклучително добро расположен.

Еден од новинарите праша како го коментира пресвртот на неговиот тим и тоа што за пет минути игра дојдоа од 0:2 до 3:2. Гвардиола се пошегувал и рекол дека во таа прилика контактирал со Реал Мадрид, алудирајќи на пресвртот на Кралевите во полуфиналето од Лигата на шампионите против неговиот тим.

-Му се јавив во Реал Мадрид и тие ми дадоа добри совети. Тоа е причината за нашиот пресврт. Ниту за ова нема објаснување за Мадрид, тоа е моментум. Понекогаш е убаво да победиш во таква ситуација и да го доживееш сето тоа. Тоа дава Силата за „Четири титули за пет години во натпреварување како што е Премиер лигата е веројатно најголемиот успех во нашите кариери, рече Гвардиола.