Connect with us

Фудбал

Некои славеа, други „јадеа ќотек“, како на мали деца им удираа шлаканици на навивачите на Милан (ВИДЕО)

Најжестоките навивачи на Милан со брутално насилство се свртеа кон сопствените навивачи за време на прославата на освојувањето на титулата во Серија А.

Во неделата Милан стана шампион на Италија за прв пат по 11 години благодарение на победата од 3:0 на гостувањето кај Сасуоло.

Многу навивачи тогаш учествуваа во инвазијата на теренот за да го прослават овој успех, но тоа не им се допадна на најжестоките ултраси на Милан.

Додека навивачите се обидуваа да го напуштат теренот по инвазијата, група која стоеше покрај излезот почна да им удира шлаканици.