Connect with us

Фудбал

Страшно-Лекарска грешка можеше скапо да ја чини ѕвездата на Реал Мадрид (ФОТО)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Дани Себаљос (25) можеше да ја заврши фудбалската кариера поради лекарска грешка. 25-годишникот се здоби со тешка повреда на зглобот додека играше за шпанскиот олимписки тим во Токио на натпреварот против Египет.

По еден остар старт, Себаљос заработи скршеница која лекарите на почетокот не ја забележаа. На крајот се покажа дека поради погрешна проценка можеше да му заврши кариерата. Во разговор за Marca овој одличен фудбалер откри детали.

„Тоа беа најлошите пет месеци во мојот живот. Не го чуствував зглобот. Се обидов да го одиграм финалето бидејќи лекарите ми дадоа погрешна дијагноза. Тие рекоа дека лигаментот е малку оштетен и дека ќе бидам здрав за две или три недели“, рече Себаљос.

Кога пристигнав во Мадрид, се испостави дека мојата коска што ја носи тежината на моето тело е скршена. Ако одиграв уште 20 минути, тоа ќе беше крај на мојата кариера. Никогаш повеќе не би играл фудбал“.

„Опоравувањето беше прилично скапо. Имав третмани во Барселона, работев со многу луѓе на опоравување. Веќе немам знаци на повреда и им благодарам на сите што ми помогнаа во тоа“, рече Себаљос.

Дани Себаљос е член на Кралевите од 2017 година. Тој пристигна од Бетис и мина две сезони на позајмица во Арсенал.

Сезонава играше 17 пати за кралскиот клуб, одигра вкупно 73 натпревари и постигна пет гола.