Connect with us

Фудбал

Награда за освоениот пехар во Купот, Бајрами уште две години на клупата на Македонија ЃП

Продолжување на соработка за уште две години, до лето 2024, договорија денеска фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами.

„Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот. Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи“  рече Бајрами за клуспката страна на Фејсбук.