Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ објави низ каков пекол поминува, секоја недела, во изминатите шест месеци (ВИДЕО)

Славниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ откри низ каков пекол поминал претходната половина година.

Овој фудбалски гениј на 41 година го предводеше својот Милан до титулата шампион на Италија, по 11 години чекање.

Иако повредата на коленото му предизвика невидени маки, во ниту еден момент не помисли да се откаже, да се предаде. Тој остана со својот тим и даде исклучителен придонес во остварувањето на целта.

Во емотивната објава пред неколку дена, Златан откри дека еднаш неделно му ваделе течност од коленото, а сега објави и видео од овој болен процес на терапија.