Фудбал
УЕФА го објави најдобриот тим во Лигата на шампионите, а најдобриот играч се знае кој е (ФОТО)
УЕФА денеска на официјалната веб-страница го објави најдобриот тим во Лигата на шампионите за минатата сезона, а го има и најдобриот играч на ова натпреварување. Лигата на шампионите заврши во саботата со финалниот натпревар во Париз во кој Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1-0 и по 14-ти пат во својата богата историја стана европски првак. УЕФА денеска веќе го објави најдобриот тим во Лигата на шампионите во уште една сезона која во голема мера ги исполни очекувањата на фудбалските фанови.
Очекувано имаше најмногу играчи на Реал Мадрид и Ливерпул кои играа во финалето, а место најдоа и играчи на Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ.
Најдобар тим во сезоната се: Куртоа, Александер-Арнолд, Рудигер, Ван Дијк, Робертсон, Фабињо, Модриќ, Де Брујн, Мбапе, Винисиус, Бензема.
Очекувано, за најдобар играч во Лигата на шампионите во сезоната зад нас е избран Карим Бензема, кој со своите неверојатни игри го предводеше Реал на покривот на Европа.
Исто така, уште една награда отиде во Мадрид бидејќи Винисиус Јуниор е прогласен за најдобар млад играч оваа сезона во најелитното клупско натпреварување во светот.