Connect with us

Фудбал

Само тој им е во главата, Иско се прости од Реал, ама го прозва Мбапе!

Шпанскиот фудбалер Иско вчера се прости од Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Иско по девет години како слободен играч ќе го напушти кралскиот клуб бидејќи не постигна договор за продолжување на соработката. Со Реал пет пати беше европски првак, со што ретко кој може да се пофали, иако Иско не играше добро во претходните сезони. Тој одби да го напушти Реал Мадрид додека беше под договор, но сега едноставно нема излез и беше принуден да бара нов клуб. Многумина мислат дека ќе останe во Шпанија и веројатно ќе потпишат за Севиља или Бетис.

Иско вчера и официјално се прости од Реал Мадрид и навивачите на овој клуб со емотивна порака која ја објави на Инстаграм.

Но, она што особено ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид е делот во кој тој го прозва Килијан Мбапе. Иако директно не го спомна играчот на ПСЖ, на сите им е јасно дека оваа порака е испратена до него.


Иско објави емотикон за желка алудирајќи на Мбапе, кој некогаш позирал со маската на еден од ликовите од цртаниот филм „Нинџа желки“.

„Кога Реал Мадрид ќе тропне на вашата врата, никогаш не можете да ги одбиете, но секогаш намерно има исклучоци“, напиша Иско во својата порака, додавајќи емотикон за желка на крајот од оваа реченица.