Connect with us

Фудбал

Се појави видео од тренингот на Реал, победничкиот гол во ЛШ беше извежбана акција (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се победници на 67-то издание на Лигата на шампионите. Во финалето одиграно во Париз, тие го победија Ливерпул со 1-0 со голот на Винисиус во 59. минута од натпреварот.

Федерико Валверде ја уфрли топката во шеснаесетникот за осамениот бразилски напаѓач кој ја смести топкат во мрежата на Ливерпул и тоа без поголеми проблеми. Иако на почетокот се чини дека Валверде повеќе шутираше отколку што сакаше да додаде, снимката од последниот тренинг на Кралскиот клуб открива сосема друга приказна.

Фудбалерите на Реал во пресрет на финалниот натпревар одработија тренинг во Париз каде одиграа различни акции, а една од нив е идентична со онаа за победничкиот гол против Ливерпул.

Видео од последниот тренинг на Реал:

 

Валверде ја повлече топката и ја уфрли во шеснаесетникот на Винисиус, на кого не му беше тешко да постигне гол, но особено е интересно да се следи движењето на Карим Бензема, кој во клучен момент се повлекува на средината и на тој начин ослободува простор за Бразилецот.

Францускиот напаѓач во финалето на Лигата на шампионите повлече двајца одбранбени играчи зад себе и на тој начин му ослободи доволно простор на Винисиус кој го постигна клучниот гол за доминантниот Ливерпул.

Победничкиот гол на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите: