Connect with us

Фудбал

Македонските надежи со убедлив пораз од Украина ги завршија квалификациите за ЕП

Младата репрезентација на Македонија до 21 година беше поразена од Украина со 4:0 на последниот натпревар од овој квалификациски циклус за пласман на ЕО 2023 во Романија и Грузија Противникот успеа да постигне четири погодоци во второто полувреме. Украина со оваа победа го потврди второто место во групата.

Македонија одигра добро прво полувреме, не му дозволи на противникот посериозно да притисне и да се закани по нашиот гол. Во неколку наврати успеавме и да се заканиме по голот на противникот.

По една одлична акција, Украина во 69. минута, конечно, успеа да го отвори резултатот со погодокот на В’Иник. Веќе во следниот напад примивме и втор гол. Судаков успеа да искористи невнимание во нашата одбрана и погоди за 2:0.

До крајот на натпреварот Судаков постигна уште два гола за конечни 4:0.

Квалификациски циклус за пласман на ЕП во Романија и Грузија 2023;

Репрезентации до 21 година;

Група Х;

Македонија: Давид Денковски, Адријан Хајдари, Марио Младеновски, Јован Манев, Блертон Шеи, Алекс Златков, Димитар Тодоровски, Сефер Емини, Лука Станковски, Кристијан Тасевски, Марио Илиевски;

Селектор: Драги Канатларовски;