Connect with us

Фудбал

Бидете поддршка за Македонија, почна продажбата на билетите за двата меча!

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гиибралтар кој ќе се одиграат на 9. и 12. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лига на нации.

Влезниците се продаваат по цена од 250. денари за северната трибина, 250. денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.

Навивачите на нашата најдобра репрезентација можат да купат билет за натпреварите против Грузија и Гибралтар преку продажната мрежа на MKTickets и on-line на линкот во продолжение:

Македонија – Грузија:

Македонија – Грузија

Македонија – Гибралтар:

Македонија – Гибралтар

Билетарата на источната трибина на Националаната арена ќе биде отворена за купување на билети на денот на натпреварите од 10:00 часот.