Connect with us

Фудбал

Иниеста објави фотографија, фановите шокирани (ФОТО)

Андрес Иниеста влегува во доцните играчки години и моментално настапува во Јапонија. Поранешниот играч за врска на Барселона се уште има магија во нозете, а тоа најмногу го забележуваат фудбалските фанови во далечната Јапонија. Но, освен исклучителните фудбалски способности, забележано е дека Иниеста „остарел преку ноќ“.

Откако објави една фотографија во дресот на Висел Кобe, многу фанови на Барселона го преплавија со коментари дали е можно да е толку стар.

„Човеку, колку си остарел“, беше еден од низата вакви коментари на малку загрижените фанови на овој луциден играч од средниот ред.

Иниеста има договор до 2024 година, иако веќе на 38 години не планира да се откаже од она што најмногу го сака.

Се верува дека како и неговиот поранешен соиграч и голем пријател Чави, тој ќе започне тренерска кариера откако ќе се пензионира.