Connect with us

Фудбал

Милевски: Респект за секого, но на теренот кон никого

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од победата над Гибралтар од 4:0. Но, се наврати на поразот од Грузија за кој жали, бидејќи како што вели подобрата игра 40-50 минути не била крунисана со гол, а доколку се затресеше мрежата на противникот, сигурно ќе беше поинаку се.

„Жалам и јас и фудбалерите, посебно е жално кога ќе изгубите таков натпревар. Тие 50-60 минути со Грузија беа едни од нашите најдобри, но не се враќаме назад на она што поминало. Одиме напред, ќе видиме што ќе донесат следните натпревари. Морам да ги пофалам момците за пристапот, овој тим им респект кон секого надвор од теренот, но на теренот кон никого. Сакам да им се заблагодарам за тоа што одвоија 17 дена од својот предвиден одмор за да бидат тука и да помогнат на репрезентацијата“.