Connect with us

Фудбал

Дани Алвеш се сели во клуб на 45 минути од Барселона?!

Дани Алвеш вчера по шест месеци ја напушти Барселона. Барса одлучи да не го продолжи договорот со одличниот Бразилец, кој дојде есенва како слободен играч според желбата на Чави да помогне во тешките моменти.

Дани го одработи лавовски својот дел од работата, беше многу важен играч, иако не беше пријавен во Лига Европа. Сепак, се очекува да дојде Цезар Аспиликуета, а тука се и Сержињо Дест и Серхи Роберто, па наеднаш на десната страна има гужва.

Сега се шпекулира дека Дани Алвеш би можел да се пресели во Мајорка! Мајорка успеа да опстане во Ла Лига, а Дани сака да остане во силна лига за да биде во форма за Светското првенство во Катар. Дани на тој начин би се преселил во „населбата“, бидејќи Палма де Мајорка е оддалечена 45 минути со директен лет преку морето.