Connect with us

Фудбал

Финансиска инјекција за Барселона од 500 до 700 милиони евра!

Барселона ќе добие финансиска инјекција во износ од 500 до 700 милиони евра. Тоа ќе се обезбеди со продажба на дел од маркетинг и ТВ правата. Управниот одбор донесе одлука да ги стават на продажба 49,9 отсто од акциите на фирмата „БЛМ“ која се занимава со брендирање и маркетинг. Одлучено е и да се продадат 25 отсто од телевизиските права за следните 25 години.