Connect with us

Фудбал

Шалке нема да го откупи Чурлинов, три милиони за нив се многу?!

Германските медиуми пишуваат дека повратникот во Бундеслигата, Шалке нема да го откупи македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов. Прво сакале позајмица за уште една година, но Штутгарт им понудил целосен откуп за три милиони евра. Шалке одговорил дека оваа сума е превисока за нив.

Самиот Чурлинов вели дека ако Шалке не го откупи, се враќа во Штутгарт.

– Навистина уживав минатата сезона во дресот на Шалке со фантастичните навивачи на овој тим. Сепак, доколку Шалке не успеа да се договори со Штутгарт и доколку овој клуб не сака да продолжам таму, тогаш ќе се вратам во Штутгарт. Знам дека конкуренцијата е огромна, но ќе одам таму и ќе се борам за место во тимот – изјави Чурлинов.