Connect with us

Фудбал

Директорот на Интер призна, договоривме двајца, но ги сакаме Дибала и Лукаку

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота изјави дека Интер ги договорил голманот Онана од Ајакс и Мкхтаријан од Рома, кои доаѓаат како слободни играчи. Воедно призна дека ги сакаат Дибала и Лукаку.

-Можам да потврдам дека ги договоривме Онана и Мкхтаријан како слободни играчи. Ги сакаме и Лукаку и Дибала, но се ќе зависи од финансиите. Воедно Бремер е играчот кој исто така го посакуваме, изјави Марота.

Дибала е слободен играч, неговиот договор со Јувентус истече. Што се однесува до Лукаку, одредени медиуми велат дека договорот со Челзи е при крај за позајмица од 10 милиони евра, а потоа веројатно откуп. Со Торино се уште се преговара за дефанзивецот Бремер.

Сепак, од друга страна, Интер ќе мора да продава. Најспомнуван е дефанзивецот Шкриниар, за кого ПСЖ наводно нуди 50 милиони евра, но Интер не сака да го пушти под 80 милиони.