Фудбал
Тухел ја најде замената за Лукаку, ама проблем се 80 милиони евра?!
Фудбалскиот клуб Челзи има големи планови, а дел од нив е – Ричарлисон!
Сигурни извори од Островот тврдат дека Томас Тухел на раководството му рекол дека го посакува напаѓачот на Евертон во новата сезона.
Ромелу Лукаку е на излезната врата од Челзи, со сите сили сака да се врати во Интер и затоа Тухел цели кон нов напаѓач. Ричардсон не е класична „деветка“, но одлично му оди на таа позиција.
Тој е многу брз и агресивен, отвора простор за соиграчите и сака да оди на страна, што може да придонесе повеќе од Лукаку.
Меѓутоа, проблемот е што го сака и Тотенхем и што Бразилецот е на цена.
Наводно, Евертон бара 80 милиони евра, Тотенхем понудил 60, Челзи ќе мора да ја засили понудата доколку сака да ја преземе.
Ричардсон минатата сезона постигна 11 гола и додаде пет асистенции, но треба да се напомене дека ова беше една од годините за заборав.