Connect with us

Фудбал

Потпиша за руски клуб и веднаш го избркаа од репрезентацијата, нема да игра на СП во Катар

Мачеј Рибус беше слободен играч, неговиот договор со Локомотив Моксва му истече, па беше во потрага по нов клуб. Сепак, одлучил на крајот да остане во Русија, односно да потпише договор со Спартак Москва.

Поради одлуката и натаму да игра за руски клубови, ќе биде избркан од репрезентацијата, односно нема да игра на СП во Катар во дресот на Полска.

„Селекторот на полскиот национален тим разговараше со Рибус по тренинг-кампот, кој заврши во неделата. Поради моменталната ситуација во клупскиот фудбал, тој нема да биде повикан на собирот во септември, а нема да биде ниту дел од составот кој ќе игра на Мундијалот во Катар“, соопштија од Фудбалската федерација на Полска.