Connect with us

Фудбал

Енис Барди останува во Шпанија, добил примамлива понуда!?

Еден од најдобрите македонски репрезентативци Енис Барди сигурно ќе го напушти Леванте, кој не успеа да обезбеди опстанок во најдобрата шпанска лига. Но, шпанските медиуми пишуваат дека играчот за врска нема да замине од Шпанија. Наводно добил примамлива понуда од Алмерија. Овој клуб за услугите на Барди е подготвен да плати 6 милиони евра, а Леванте ја поставил цената доста повисоко, односно 10 милиони. Преговорите се во тек. Леванте и Барди се заедно од 2017 година, запиша 148 меча и постигна 23 голови.

Претходно шпанските медиуми објавија дека интерес за Барди има и од Валенсија.