Фудбал
Женскиот Ибрахимовиќ пред потпис за Милан?!
Милан се подготвува да го склучи трансферот на Косоварe Аслани, шведска напаѓачка родена 1989 година, која последните две години играше за Реал Мадрид и која наскоро ќе потпише договор со Росонерите.
За еден месец ќе наполни 33 години, а во Шведска ја сметаат за „женскиа Ибрахимовиќ“. Како и Ибрахимовиќ и таа игра како напаѓач, родена е во шведскиот град Кристијанштад, а има косовско-албанско потекло.
Како дете ѝ беше судено во Шведска да избира помеѓу хокеј на мраз и фудбал, но се одлучи за најважната споредна работа на светот и беше во право, бидејќи играше за клубови како ПСЖ, Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Со Шведска, Аслани освои два олимписки сребрени медали, европска бронза и светска бронза. Нејзината тајна е тренингот, особено тренирањето на горниот дел од телото. Со оглед на тоа што има многу мускулести нозе, посебно внимание посветува на останатото за телото постојано да биде во рамнотежа.
Таа е нетипичен напаѓач, всушност не игра само како центарфор, туку е играч со голема брзина и спринт. Една од нејзините главни карактеристики е брзиот спринт со топката.
Косоваре Аслани важи за ѕвезда во Шведска, иако е многу горда на своето косовско потекло. Затоа е многу посветена на борбата против расизмот и борбата за родова еднаквост.