Фудбал
Еден од најтрофејните тренери Ѓоре Јовановски седнува на клупата на второлигаш
Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски, кој воедно е еден од нашите најтрофејни тренери, кога станува збор за домашното првенство, од следната седона ќе го предводи второлигашот Кожув. Со назначувањето на Ѓоре Јовановски за тренер, сигурно е дека Кожув има големи амбиции, односно пласман во најдобрата македонска фудбалска лига.
Според најавите, на Јовановски му се ветени и значително засилување на играчкиот кадар и подигнување на нивото на функционирањето на тимот.
Кариера на Ѓоре Јовановски како тренер:
1998–1999 Вардар
1999–2001 Слога Југомагнат
2001–2002 Македонија/Селектор
2002 Самсунспор
2003–2007 Работнички
2007–2008 Милано Куманово
2008–2009 Металург Скопје
2010 ЦСКА Софија
2011 Работнички
2013 Шкендија
2014 Брегалница Штип
2018 Работнички
2021 ФК Беласица