Connect with us

Фудбал

По 12 години се врати во Шкотска, но на потпишувањето сите гледаа во пенкалото (ФОТО)

Шкотскиот фудбалер Ејден Мекгиди пред неколку дена и официјално потпиша договор со Хибернијан.

Мекгиди по 12 години се врати во Шкотска и најголемиот дел од кариерата го помина во Англија. Има играно за Евертон, Шефилд, Престон, Чарлтон и Сандерленд за кои настапуваше претходните две сезони.

Најмногу го паметиме по игрите во Селтик и Евертон, но и по трансферот што го направи во 2010 година кога замина во Спартак Москва, што тогаш беше големо изненадување.

36-годишникот реши да се врати во Шкотска и потпиша за Хибернијан каде и официјално беше претставен пред неколку дена.

Хибернијан објави неколку фотографии од потпишувањето на договорот, а многумина забележаа еден детал кој ги врати во детството.

Имено, во центарот на вниманието беше пенкалото со кое Мекгиди го потпиша договорот. Тоа е хемиско пенкало кое сите ние сигурно го имавме барем еднаш за време на училиште. Тоа е пенкало 4 во 1, т.е. имаше четири бои и можете да изберете со која да пишувате.