Фудбал
„Газета дело Спорт“ ги шокираше сите: Роналдо по една година се враќа во Италија, но не во Јувентус
Фудбалската јавност изминативе неколку дена шпекулираше дека Кристијано Роналдо би можел да го напушти Манчестер Јунајтед по само една година.
Претходните денови се појавија шпекулации дека Роналдо има намера да го напушти Јунајтед ова лето бидејќи не е задоволен од ситуацијата на Олд Трафорд.
Португалецот се поврзува со трансфер во Челзи, па дури се пишуваше дека би можел да биде замена за Роберт Левандовски во Баерн, но минхенскиот клуб експресно го демантираше тоа.
Сепак, утрово добивме нови шпекулации кога е Роналдо во прашање, а овој пат La Gazzetta dello Sport ги изненади сите со информацијата дека Португалецот би можел дури и да дојде во Рома.
Како што објави Газета, не е исклучено Роналдо по само една година да се врати во Италија, но овој пат не во Јувентус.
Tasse ridotte e taglio all’ingaggio: Roma, ecco le chiavi per prendere CR7 https://t.co/8FwnIDJ4FO
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 26, 2022
Наводно, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш бил во контакт со челниците на Рома и им понудил можност да го доведат во своите редови еден од најдобрите светски играчи. Јасно е дека Жозе Мурињо нема да има ништо против тоа, но тешко е да се очекува тоа навистина да се случи.
Рома секако би морала да му даде огромна плата на Роналдо, што во моментов не е во нивен интерес, а свесни се дека тој е на залезот на кариерата и дека неговото доаѓање во овој момент би било голем ризик.
И утринава англиските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед воопшто не размислува да го продаде Роналдо и дека тој е во плановите на Ерик тен Хаг, кој јасно му стави до знаење на Португалецот дека ќе биде првата ѕвезда на тимот во новата сезона.