Фудбал
Киелини и Суарез во ист клуб?! Kако ли тоа ќе функционира по инцидентот со гризењето
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе биде слободен играч на крајот на овој месец бидејќи му истекува договорот со Атлетико Мадрид. Суарез претходните две сезони ги мина во мадридскиот клуб и остави одличен впечаток, а заслужен беше тоа што Атлетико Мадрид пред една година стана шампион на Шпанија.
Сепак, по две сезони Суарез ќе го напушти клубот бидејќи не постигна договор за продолжување на соработката. Со недели се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата Уругваецот и има неколку интересни опции.
Суарез се поврзуваше со неколку клубови од Англија, Шпанија и Холандија, но како што стојат работите неговата кариера би можела да ја продолжи во САД.
Шпанските медиуми објавија дека Суарез веќе договорил се со Лос Анџелес и дека кариерата ќе ја продолжи во овој клуб. Се очекува тој да потпише договор на една година, а наводно сите услови се веќе договорени.
Лос Анџелес навистина прави чуда ова лето бидејќи веќе донесе две неверојатни засилувања, а тоа се Герет Бејл и Џорџо Киелини. Покрај двајцата, нов играч на Лос Анџелес очигледно ќе биде Суарез, иако се поврзува и со Ривер Плата.
Многумина се прашуваат како сето тоа ќе функционира бидејќи се знае дека Суарез и Кјелини не се во најдобри односи откако Уругваецот го гризна на Мундијалот пред осум години.
Сепак, очигледно е дека нема повеќе проблеми меѓу нив, а Лос Анџелес се чини ќе биде главен фаворит оваа сезона за титулата. Покрај големите засилувања, овој тим во тимот го има и Карлос Вела, кој веќе неколку сезони игра на маестрално ниво.