Connect with us

Фудбал

Лукаку стигна во Милано, погледнете го изразот на неговото лице (ВИДЕО)

Белгискиот репрезентативец пристигна во Милано, а денеска ќе има неколкучасовно ’малтретирање’ пред да потпише договор со Интер. Лукаку беше голема желба на Интер, но и самиот многу порано призна дека би сакал да се врати на Џузепе Меаца. Иако беше продаден на Челзи за над 100 милиони евра, минатата сезона имаше скромен учинок, само осум гола во Премиер лигата на 26 натпревари, а даде и два во Лигата на шампионите.

Но, очигледно беше дека Лукаку не беше ниту сенка на напаѓачот како што беше претходната сезона кога играше за Интер, бидејќи го предводеше Интер до Скудета со 30 гола на 44 натпревари и беше незаменливо прво име на сино-црните.

Вчера Белгиецот пристигна на аеродромот во Милано и предизвика голема еуфорија кај навивачите на Интер, а рано утринава се упати кон објектите каде ќе му бидат извршени лекарски прегледи, за денеска да потпише договор со Интер. На лицето на Лукаку има јасно олеснување, насмевката не ја симна од неговото лице, се чини дека тоа е нешто на што играчот навистина се надеваше и инсистираше изминатите месеци.

Станува збор за позајмица за која Интер издвои околу осум милиони евра, а Челзи првично побара повеќе пари. Неговиот договор со Челзи е со важност до 30 јуни 2026 година, а Интер ќе се обиде да го купи следното лето, но ќе бара многу повеќе од споменатите осум милиони евра, но и согласност од Челзи.

29-годишниот центарфор порано во кариерата играше за Андерлехт, во кој се појави, а потоа следуваа ВБА, Евертон и Манчестер Јунајтед, секако со споменатите Интер и Челзи.