Фудбал
Македонскиот напаѓач стигна во Шкотска, на интересен начин промовиран во новиот клуб (ВИДЕО)
Новиот македонски репрезентативец Бојан Миовски кој има 10 настапи за Македонија и два постигнати голови и официјално е промовиран во новиот клуб. Абердин од Шкотска е клубот чиј дрес ќе го носи македонскиот напаѓач. Според информациите шкотскиот клуб платил 624 илјади евра за напачот на унгарскиот тим МТК.
Шкотскиот клуб со специјално видео го прикажа приклучувањето на Миовски во тимот. Македонецот доби третман на ѕвезда.