Connect with us

Фудбал

Албанец ново засилување за Интер

Кристјан Аслани е ново засилување за Интер. Албанецот доаѓа од Емполи каде одигра 23 мечеви, а има и еден гол. Целиот трансфер ќе го чини Интер 14 милиони евра. Договорот е позајмица за една сезона, со откуп по една година.

„Се чувствувам неверојатно. Имам само 20 години и добивам шанса да играм за клуб кој е навистина посебен. Не можам да дочекам сезоната да почне, ќе дадам се од себе“, изјави Аслани.

Родителите на Аслани од Албанија во Италија се преселиле кога тој имал само две години. Ќе го носи дресот со број 14.