Connect with us

Фудбал

Македонскиот репрезентативец има нов клуб (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец и дефанзивец Никола Серафимов има нов клуб. Тој потпиша договор со унгарски МОЛ Фехавар до 2025-та година. Серафимов минатата сезона од Академија Пандев се пресели во Залаегерсег, каде по одличната сезона се сели во најдобриот клуб во Унгарија.

„Откако играм во Унгарија, забележав дека Фехервар е еден од најголемите и најдобри клубови, знам дека има одлична атмосфера на домашните натпревари и не размислував многу кога дојде понудата. Сакам да се докажам тука и да му помогнам на тимот да ги оствари целите, овој клуб секогаш има високи амбиции“, изјави Серафимов.