Connect with us

Фудбал

Стефан Ристовски: Колку пари, толку музика!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски во интервју за „Вечерњи лист“ зборуваше за неговиот престој во Динамо Загреб, за подготовките, за неговите соиграчи и сето она што го доживува во оваа екипа. Но, беше запрашан и за фудбалот во Македонија. Ристовски кој пред неколку дена критикуваше како лесно се дозволува да пропаѓаат македонските брендови како што се ФК Вардар, потоа РК Вардар, КК Работнички и ЖРК Кометал, сега вели колку пари толку музика.

– Не е супер, знаеш што велат – колку пари, толку музика. Денес фудбалот е голем бизнис, инфраструктурата стагнира во Македонија, се надевам дека тие подобри пет минути ќе дојдат и овде. Па, Вардар играше во Европската лига пред неколку години, а потоа падна во втора лига и жал ми е за тоа. Не знаеме да ја зачуваме традицијата, брендот. Пропаѓаат многу клубови, кошарка, ракомет, фудбал, мора што поскоро да ја напуштите Македонија за да се реализирате како играч. Во моментов не гледам клуб таму каде што можете да останете подолго. Но, има гиганти како Динамо, тоа е пример како треба да функционира еден клуб.

Гоце Седлоски е тренер на Шкупи, дали имавте можност да работите со него?

– Имав, но кратко време беше привремен селектор на Македонија, игравме со Литванија, но таа недела не ми беше доволна добро да го запознаам како селектор.

Ти си капитен на репрезентацијата, дали си ѕвезда во Македонија?

– Не се чувствувам како ѕвезда, но се чувствувам исполнето, постигнав многу со репрезентацијата, играчите можеа само еднаш да сонуваат за тоа, а јас бев на еврото, победив некои од најголемите репрезентации. Со оглед на тоа како ни е фудбалот, направивме повеќе од очекуваното и горд сум на тоа. Но, имам само 30 години и сакам да направам многу повеќе. И секако дека ги бараат дресовите на Динамо и во Македонија, Динамо е голем клуб во овој регион и пошироко, се покажува резултатите.