Фудбал
Стариот лисец секогаш го добива она што сака, Ванда Нара ја слушна понудата, одлуката останува на неа?!
Директорот на новиот италијански прволигаш Монца Адријано Галијани се обидува да донесе големи имиња за првата сезона на овој клуб во друштво на најдобрите тимови.
Галијани има големи планови со овој клуб. За голови му требаат ѕвезди, а целта на искусниот фудбалски работник е да го доведе аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.
Икарди не е во преден план на ПСЖ. Галијани ќе се обиде да го искористи тоа и да го доведе на позајмица, а за да го омекне односот на семејството Икарди за враќање во Италија, искусниот лисец има интересен план.
Така Галијани планира на агентот и сопруга на аргентинската ѕвезда Ванда Нара да и понуди работа на телевизија. Тој гарантира дека таа ќе има свое ТВ шоу и тоа е понуда која сигурно ќе и биде исклучително интересна на контроверзната убавица.
ПСЖ е подготвен да го испрати 29-годишниот напаѓач на позајмица. На него не се смета, а сигурно е дека Мауро не сака да помине уште една сезона греејќи ја клупата.
Да потсетиме, Мауро Икарди целата своја професионална кариера ја помина во Италија пред да замине во ПСЖ во 2019 година.
Се започна во Сампдорија, а потоа седум години го носеше дресот на Интер. Сепак, покрај головите, тој беше познат и по бројни скандали и сигурно е дека по враќањето во Италија ќе го дочекаат и бројни свирежи.
Сепак, нема да биде изненадување ако тоа се случи. Галијани е стар лисец кој знае на која карта да игра, а Икарди би можел да го предводи нападот на Монца во новата сезона.
Овој клуб денеска потпиша со Стефано Сенси, кој доаѓа на позајмица од Интер, а се очекува доаѓање и на уште неколку познати имиња.