Фудбал
Лапорта ги фрли во транс навивачите на Барселона и откри кои играчи ќе ги претстави клубот следната недела
Барселона летово ќе биде многу активна на пазарот, а тоа го потврди претседателот на клубот Жоан Лапорта.
По завршувањето на сезоната, каталонскиот клуб се фокусираше на играчи кои треба да ја напуштат Барселона бидејќи Чави Ернандез веќе не смета на нив, а некои од нив се веќе поранешни играчи. Сепак, откако Лапорта успеа да ги среди финансиите на клубот, сега на ред дојдоа засилувањата.
Во последно време најмногу со Барса се поврзува Роберт Левандовски кој сака да го напушти Баерн и да дојде на Камп Ноу, но преговорите околу обештетувањето на полскиот напаѓач се уште не се завршени.
И покрај тоа, Лапорта денеска потврди дека Барса веќе договорила две засилувања, а тоа се фудбалери кои во каталонскиот клуб ќе пристигнат како слободни играчи. Тоа се Франк Кесие кој доаѓа од Милано и Андреас Кристенсен кој доаѓа од Челзи.
-Ќе го претставиме Кеси во среда, а Кристенсен во четврток“, јасно кажа Лапорта.
Главна тема беше Усман Дембеле кој моментално е слободен играч откако му истече договорот со Барселона. Сепак, шпанските медиуми денеска објавија дека Дембеле сепак одлучил да остане во Барса и дека се на чекор од потпишување на нов договор кој ќе трае до летото 2024 година.
Но, Лапорта и овојпат беше јасен и рече дека Дембеле ќе остане само доколку ги прифати условите кои му ги нуди клубот бидејќи е јасно дека не можат да го исполнат тоа што го бара неговиот агент Муса Сисоко.
-Дембеле ќе остане доколку ги прифати нашите финансиски услови, никому не поставуваме временски ограничувања“, додаде претседателот на Барселона.