Connect with us

Фудбал

Ван Дајк и Де Брујн, на теренот „непријатели“, а на Ибица, па таму се е ОК (ВИДЕО)

Ривалството од фудбалските терени обично се пренесува и надвор од него и навистина ретко се гледаат фудбалери од големите ривали да поминуваат време заедно.

Секако, има исклучоци, а доказ за тоа се фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул, Кевин де Брујн и Вирџил ван Дајк. Ако веќе со години водат големи битки во кои немаат милост, надвор од теренот ова одлично дуо е снимено на ноќно излегување и очигледно е дека Де Брујн и Ван Дајк се исклучителни пријатели надвор од теренот.

Гушкајќи се со пијачки и музика, тие заедно уживаа и покажаа дека за нив ривалството на теренот во нормалниот живот не претставува никаков проблем.

Видеото од Ибица открива се.