Connect with us

Фудбал

Милан ја одби Барселона, никој не сака да игра против Каталонците

Фудбалерите на Милан нема да се сретнат со Барселона на специјалниот турнир „Жоан Гампер“ што го одржува каталонскиот клуб во чест на својот поранешен претседател.

Противник на Барселона првично требаше да биде Рома, но тие од непозната причина го откажаа тоа гостување, а во изминатите денови беше објавено дека за нов ривал е избран Милан.

Но, ниту тој натпревар нема да се случи, пренесуваат италијанските медиуми. Милан се реши на мини турнеја и ќе игра против Келн и Марсеј.

Така Барселона ќе мора да започне поинтензивна потрага по тимот со кој ќе се соочи. Лани тоа беше Јувентус, пред минатата година Елче, а во 2019 година Арсенал.

Турнирот „Жоан Гампер“ се игра од 1966 година и првично учествуваа четири екипи, но од 1997 година беше систем со еден натпревар помеѓу два тима.