Фудбал
Кеси е Каталонец, Барселона доби големо засилување во средниот ред за НУЛА евра
Франк Кеси, довчерашен играч на Милан е нов член на Барселона. Информацијата и официјално ја соопшти каталонскиот тим кој со него сигурно добива големо засилување на средината на теренот.
Интересно е тоа што иако беше еден од најдобрите играчи на Милан во изминатите сезони, сепак Кеси се пресели во Барселона без обештетување бидејќи неговиот договор со италијанскиот првак истече на 30-ти јуни.
Кеси со Барселона потпиша договор до 2026-та година.
𝐈𝐓’𝐒 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋! 😏
Welcome, Kessie! 💙❤️ pic.twitter.com/wG051AUnpT
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022