Фудбал
Му предвидуваа крај на кариерата, а сега се договори со Манчестер Јунајтед, каква животна приказна на Кристијан Ериксен
Кристијан Ериксен следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед. Имаше понуда од Брентфорд да остане и следната сезона, но играчот за врска одлучи да потпише тригодишен договор со „Црвените ѓаволи“.
Како што е познато Кристијан Ериксен го раскина договорот со Интер бидејќи во италијанската Серија А правилата велат дека не може да игра со дефибрилатор, па италијанскиот тим му дозволи да замине во Брентфорд како слободен играч каде играше изминатите шест месеци. Сето ова се случуваше откако на ЕП колабираше на теренот, па мораше да му биде вграден дефибрилатор.
Сега, Ериксен, кој порано играше и за Тотенхем, ќе го носи дресот на Јунајтед.