Connect with us

Фудбал

Шпански АС тврди дека е на повидок сензација: Роналдо во Барселона, Мендеш и Лапорта имале состанок?!

Шпански АС тврди дека е на повидок сензација: Роналдо во Барселона, Мендеш и Лапорта веќе преговараат?!

Шпанскиот весник „АС“ објави сензационална вест дека агентот на Кристијано Роналдо, Мендеш почнал преговори со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта за трансфер на Португалецот на „Камп Ноу“. Барселона минатото лето, исто така, покажала интерес за Роналдо, но поради тешката финансиска ситуација морала да се откаже од идејата.

Повеќе детали не се познати. Доколку овој трансфер се реализира, секако дека ќе биде една од најголемите сензации бидејќи Роналдо беше еден од главните играчи на Реал Мадрид пред неколку сезони.