Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед се откажа од убедување на Кристијано Роналдо, ја постави неговата цена

Англиските медиуми на големо пишуваа во изминатите денови дека Кристијано Роналдо поставувал одредени услови до Манчестер Јунајтед за негово останување во клубот. Но, се чини дека на раководството на тимот му здодеало повеќе да го убедува Португалецот.

Според новинарот Бруно Андраде, Јунајтед ја одредил цената за слободата на Роналдо. Клубот кој сака да го ангажира ќе мора да плати 15 милиони евра за неговите услуги.