Фудбал
Блатер и Платини ослободени, не се виновни за корупција
Швајцарскиот суд во Белинцона ги ослободи поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и на УЕФА Мишел Платини од обвинение за корупција.
Блатер беше обвинет за незаконска исплатана Платини на 2 милиони швајцарски франци во 2011-та година. Двајцата беа суспендирани од сите фудбалски функции и активности. Секако, тие негираа дека се вмешани во некаков корупциски скандал.
Блатер тврдеше дека исплатата на парите е поради „џентлменскиот договор“ кој го имал со Платини, бидејќи бил советник за време на организацијата на Светското првенство во Франција во 1998 година и работа која ја извршувал до 2002 година.