Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед ги претстави новите дресови, но главна тема е изразот на лицето на Роналдо

„Црвените ѓаволи“ доцнеа со претставувањето на новиот дрес бидејќи тоа најчесто го правеа на самиот крај од сезоната. Сепак, Јунајтед денеска официјално објави како ќе изгледаат дресовите за новата сезона што ги подготви нивниот спонзор Адидас.

Дизајнот е доста интересен и „ретро“, но на навивачите најинтересен им беше фактот што во него позираше Кристијано Роналдо кој е на излезната врата од Манчестер Јунајтед.

Навивачите на Јунајтед одат толку далеку и веќе заклучија дека на лицето на Роналдо се гледа колку сака да го напушти клубот, а за тоа бил свесен и кога се фотографирал во новиот дрес.