Фудбал
Миовски по одличното деби за Абердин: Конечно сум тука (ВИДЕО)
Чекаше три недели поради виза, но конечно Бојан Миовски заигра за шкотски Абердин. Во лига купот постигна еден гол од пенал во победата од 3:0 на неговиот тим, а тренерот го пофали и откри дека имал само два тренинга со тимот.
Задоволен е и Миовски, кој вели дека конечно е тука по тринеделното чекање на виза и дека му е мило што се е завршено. Се надева дека голот ќе биде само потик за она што следува во новата сезона.
„Го изведов пеналот и постигнав гол, тоа ќе ми даде самодоверба за во иднина. Благодарност на моите соиграчи за поддршката. Ми се допаѓа нашиот стил на игра, играме офанзивно, има многу нафрлувања и повеќе можности за мене. Едвај го чекам моето деби во лигата, среќен сум и поради приемот на навивачите, тоа ми дава дополнителен мотив“, додаде 23-годишниот напаѓач.
⚽ 🇲🇰
Off and running in a Dons top for Bojan Miovski.#StandFree | @bojanmiovskii pic.twitter.com/opYaF7gKuE
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) July 25, 2022