Connect with us

Фудбал

Капитенот на Македонија: Никогаш не помислив дека во Скопје ќе дојдам како противник

Екипата на Шкупи загуби со 0:1 од Динамо Загреб на реваншот во квалификациите во ЛШ. Првиот меч беше 2:2. Единствениот гол го постигна македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во 47-ма минута.

За Динамо Загреб игра уште еден македонски репрезентативец. Тоа е капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски.

Тој е импресиониран од атмосферата во Скопје.

-Уште како дете како играч на Вардар, знаев што значи Динамо како клуб во регионот, почувствував пријатна атмосфера во моето Скопје. Никогаш не сум сонувал дека ќе играм на овој стадион како играч на Динамо. Шкупи има добар тим, им посакувам успех понатаму. Ние се спремаме за следните предизвици, вели Ристовски.