Connect with us

Фудбал

Наполи ја претстави замената за Кулибали, многумина не слушнале за него

Калиду Кулибали летово од Наполи замина во Челзи, оставајќи празно место во одбраната на италијанскиот тим. Наполи денеска го реши тој проблем и го официјализираше доаѓањето на јужнокорејскиот стопер Мин-џае Ким кој доаѓа од Фенербахче за нешто повеќе од 18 милиони евра. Договорот беше потпишан на три години, односно до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште две години.

Овој 190 сантиметри висок стопер следната сезона би требало да биде редовен во првите 11, а вниманието кон себе го привлече минатата сезона на 30 одиграни натпревари во турската Суперлига, каде постигна еден гол.

Тоа беше прва сезона за 25-годишниот фудбалер во европскиот фудбал.

Претходно настапуваше за кинескиот Пекинг Гуан, а за јужнокорејските клубови Јеонбук Хјундаи, Гјеонгџу КХНП, Јонсеи, Сувон и Јеончо каде ја започна својата кариера.

Иако има само 25 години, за репрезентацијата на Јужна Кореја веќе забележа 40 настапи и постигна три гола.

Со Јеонбук двапати беше шампион на Јужна Кореја, со Јужна Кореја два пати го освои шампионатот на Западна Азија, а со репрезентацијата до 23 години на оваа земја беше победник на Азиските игри во 2019 година.

Тој ќе има можност да дебитира во Наполи на 15 август, кога овој тим гостува во Верона во првото коло од Серија А.