Фудбал
Скандал на мечот Фенербахче – Динамо Киев, турските навивачи скандираа „Владимир Путин“ како провокација за украинскиот тим (ВИДЕО)
Скандал на мечот Фенербахче-Динамо Киев. Домашните навивачи го скандираа името на Владимир Путин како провокација за гостинскиот тим. Наводно ова дошло откако еден од гостинските фудбалери постигнал гол и гестикулирал покажувајќи орел со рацете.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа дека Виталиј Бујалски по постигнувањето гол прославил пред навивачите на Фенербахче покажувајќи го со рацете „орел“ кој е симбол на нивниот голем ривал Бешикташ, и тоа било повод за тие да се „одмаздат“ со скандирање на името на Путин.
Мечот се играше во рамките на квалификациите во ЛШ. По 0:0 на првиот меч, синоќа дуелот заврши со 1:2 во корист на Динамо Киев по продолженија бидејќи регуларниот дел од 90 минути заврши 1:1. Правилото гол на гости од оваа сезона не важи.
Fenerbahçe fans chanting “Vladimir Putin” after a Dynamo Kyiv player celebrated scoring in this #UCL qualifier.
Absolutely tasteless 👎 pic.twitter.com/NocU0MTpbk
— Nico Cantor (@Nicocantor1) July 27, 2022