Фудбал
Првиот човек на Каталонците, Лапорта: Сакам Меси да ја заврши кариерата на Барселона
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш потврди дека сака да го врати Лионел Меси во клубот.
Аргентинецот минатото лето си замина од Каталонија и потпиша двегодишен догоговор со ПСЖ. Легендата на клубот имаше нарушени односи со претходниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу, кој очајно го водеше клубот и го доведе на раб на банкрот.
„Имам чувство дека му должам на Меси. Би сакал крајот на неговата кариера да биде во Барселона и да добие стоечки овации на секој стадион. Мислам дека можеме да го оствариме тоа. Тоа е мојата цел, моите намери за Лео се многу јасни“, рече првиот човек на Каталонците.
Постои можност Меси да се врати на „Камп Ноу“ во летото 2023 година, кога ќе му истече договорот со ПСЖ. Тој веќе ја одби првата понуда од парижаните за продолжување на соработката на уште една сезона. Официјално Меси не сака да разговара за својата иднина од Светското првенство во Катар.