Connect with us

Фудбал

Одбиени 50 милиони од Сити, но Челзи сака да го „украде“ играчот и нуди 60 милиони

Интересна „битка“ за потпис се води во Англија. Имено, се чини дека Марк Кукуреља е мета на два гиганти. Манчестер Сити понудил 50 милиони евра за овој играч, а Брајтон ја одбил понудата. Но, веднаш потоа се појавил Челзи со понуда од 60 милиони.

Дали ќе биде прифатена или Брајтон ќе тактизира со цел да ја зголеми понудата, останува да се види.

Инаку, Кукуреља игра на левата бековска позиција и минатата сезона беше еден од најдобрите на оваа позиција во лигата.