Фудбал
Луис Суарез е приказна за себе, му беа доволни неколку минути да го покаже вистинското лице (ВИДЕО)
Ако некој изненади со неговиот трансфер ова лето, тоа е дефинитивно Луис Суарез. По 16 години играње во Европа, Суарез потпиша за неговиот роден Национал, каде што беше пречекан како вистински крал.
Популарниот Ел Писторело за кратко време стана миленик на навивачите на уругвајскиот гигант и сигурно ќе има возбудлив престој во ново-стариот клуб.
Дека ќе биде така покажа и во првиот настап. Тоа беше во првиот натпревар од четврт-финалето на Копа Судамерикана против бразилскиот Атлетико.
Искусниот напаѓач доби околу 15 минути игра, а штом судијата свирна крај ја покажа својата лоша страна која го следеше во текот на целата кариера. Протестираше зошто судијата означил крај.
Сите знаат дека Суарез е големо детиште, што и овојпат го потврди откако веднаш влезе во дискусија со судиите и почна да ја бара својата правда.
На крајот немаше премногу причини за задоволство бидејќи Национал загуби со 0:1 и пред него е тешка задача да се пласира во полуфиналето.