Фудбал
Ова е срамно-ФК Шкупи се жали за пречекот во Ирска
Македонскиот шампион до Даблин со автобус се возеше уште повеќе од три часа, а денеска со соопштение извести за проблемите.
„Срам! Нашиот тим на срамен и измамнички начин беше попречен во нормално функционирање. И покрај нашиот буџет се обидовме да обезбедиме удобен чартер лет за нашите фудбалери и да платиме илијадници евра за да се увериме дека нашите фудбалери ќе стигнат здрави, но ирската влада не ја послуша УЕФА и покрај нивната интервенција, нè приземји 300 километри од Даблин и на нашиот тим му приреди незаслужен третман на ова патување. Исто и по натпреварот треба да поминеме 300 километри назад пред да може да летнеме“, велат од Шкупи во соопштението кое беше напишано само на албански јазик.
„За жал тоа не му е направено на ниту еден друг тим освен на нас од Македонија. Бараме од министерството за надворешни работи на Македонија барем вечерва да организира враќање од Даблин“.
Мечот меѓу Шамрок и Шкупи во рамките од квалификациите за Лига Европа, се игра вечерва со почеток од 21 часот.