Connect with us

Фудбал

Тој број е прoколнат, зошто никој не сака да ја носи „деветката“ на Челзи!?

Лукаку, Торес, Мората, Игуаин, Фалкао, Креспо, Кежман, се само дел од големите имиња кои ја носеле „деветката“ на Челзи. Сепак, со овој број на грбот, овие фудбалери не оставиле голема трага во лондонскиот тим. По заминувањето на Лукаку во Интер, сега овој дрес е слободен. Ниту еден фудбалер не сака да ја носи оваа бројка во Челзи, а англиските медиуми пишуваат дека играчите сметаат дека „деветката“ е проколната.

-Тој број е проколнат, навистина има такво мислење во клубот. Луѓето во клубот ми велат дека е проколнат, вели тренерот на Челзи, Томас Тухел кој додаде дека ниту еден играч не сакал да го носи овој дрес.