Connect with us

Фудбал

Го видовте ли голот на Меси, најубавиот од доаѓањето во ПСЖ (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа беше убедлив против Клермон на отворањето на новата сезона, беше 5:0, а со два гола се истакна Лионел Меси.

Меси со „ножички“ постигна гол и доби овации.

Се играше 86. минута кога Паредес ја испрати топката до Меси, а овој потврди дека е голем мајстор. Голманот на Клермон немаше никакви шанси.

Кога станува збор за Меси, тој во последната сезона постигна само шест гола, но веќе на стартот од новата се изгледа многу подобро. На два натпревари, вклучувајќи го и Суперкупот, постигна два гола и додаде една асистенција.