Connect with us

Фудбал

Во Турција никогаш не е досадно, „Баклава криза“ во клуб, претседателот избрка половина екипа

Фудбалот во Турција често ни носи неверојатни ситуации. Има многу смешни работи што се случуваат, а една од нив се случи вчера.

Претседателот на поранешниот суперлигаш, а денес член на четврта лига на турскиот фудбал, Ахисарспор, Еврен Озбеј, од неверојатна причина реши да отстрани осум фудбалери од тимот.

Во екот на клупската претседателската кампања играчите се фотографирале со противничкиот кандидат Микаил Каплан. По пат се почестиле со баклавата што ја донел и на крајот тоа ги чинело суспензија. Еврен Озбеј, кој е актуелен претседател на клубот, реши да реагира. Тој ги суспендираше фудбалерите до понатамошна одлука. Клубот се уште е без тренер, а спортскиот директор Бајрам Али Каја го напушти клубот во вторникот.

Клубот е во исклучително тешка финансиска ситуација. Дури му се заканува исклучување и ќе видиме што ќе биде со овој тим во наредниот период.

Претседателот Озбеј нема намера да се повлече. Во клубот ги донесе и браќата Серхат и Бишар, а опозицијата бара нови избори и нивно заминување од клубот.